Македонија
6. October 2015 - 16:54

20 нови стипендисти на „Сити Колеџ“

Нови 20 стипендии за магистEрски студии од областа на бизнис и администрација им додели денеска претседателот Ѓорѓе Иванов, на најдобрите студенти. Стипендиите го носат името на нашиот голем миротворец, поранешниот претседател Борис Трајковски, кој оваа иницијатива ја започнал пред 10 години.

Заменик министерот за образование Спиро Ристовски апелираше до студентите максимално да ја искористат можноста за студирање на оваа престижна високообразовна институција, која е дел од најдобрите 100 универзитети во светот, според Шангајската листа.

Стипендистите со надеж дека стекнатото искуство и образование, ќе имаат можност да го пресликаат во Македонија.

Стипендијата изнесува 14.890 евра, од кои половина ги обезбедува Владата, а половина се обезбедени од “СИТИ Колеџот” од Солун. Доделувањето на стипендиите се одвива шеста година по ред и досега се стипендирани 150 студенти.