Спорт плус
28. July 2015 - 18:22

АМС со неколку спортски активности за Илинден

Македонскиот националниот празник Илинден годинава ќе биде одбележан со низа спортски активности во организација на Агенцијата за млади и спорт (АМС) и Националните спортски федерации.
 
- Илинден е еден од најголемите национални празници, кој зазема значајно место во историјата на македонскиот народ. Во годината кога се одбележуваат 112 години од Илинденското востание и 71 година од АСНОМ, преку неколку настани ќе се обидеме симболично да им оддадеме почит на нашите предци, кои придонесоа за создавањето на нашата држава. Токму затоа, годинава Агенцијата за млади и спорт во соработка со дел од националните спортски федерации реализираат повеќе активности за одбележување на празникот, истакна директорот на АМС Марјан Спасески.