„Битола Шекспир фестивал“ завршува со „Ромео и Јулија“ на Драмски театар од Габрово
Третото издание на интернационалниот „Битола Шекспир фестивал“ завршува со претставата „Ромео и Јулија“ која вечер на сцената на Битолскиот театар ќе ја изведат актерите од Драмски театар-Габрово, Бугарија.
Станува збор за претстава која во 2014 година во Бугарија беше прогласена за најдобро театарско претставување, беше посочено во пресрет на вечерашното затворање на фестивалот во Битола.
- Ние сме театар кој во последните три години се покажа како еден од најпровокативните театри во Бугарија. И покрај големата и тешка криза со која во моментов се соочува и минува бугарскиот театар, сепак во Габрово не се намалуваат големите очекувања и верувам во убава театарска иднина. Вечер ќе настапиме со „Ромео и Јулија“ со класичната приказна за љубовта, во која настапува млада актерска екипа и која со поканата да гостува во Битола доби големо признание за учество на голем фестивал, истакна Петринел Гочев, режисер на претставата.
Годинава на „Битола Шекспир фестивал“ настапија два театра од Македонија и четири театри од Бугарија, Србија, САД и Холандија, а се одржа и театарска работилница со која почна развивањето на драмски текст инспириран од сонетите на Шекспир.
„Битола Шекспир фестивал“ и годинава се одржа под покровителство на Министерството за култура и со поддршка на општина Битола.
Ново на Сител
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање