Бизнис
4. September 2015 - 20:11

Чартер летови од Белгија до Охрид – „Томас Кук“ влегува во Македонија

Чартер летови од Белгија до Охрид. Томас Кук влегува во Македонија. Белгискиот туроператор од следната летна сезона ќе носи туристи од Кралството Белгија до македонскиот туристички бисер, преку органзирани дирекни летови.  Веќе се потпишани вкупно 16 договори со домашните хотелиери и од следната недела ќе бидат достапни на интернет страната на компанијата, каде туристите  ќе можат да ги разгледаат и да резервираат. 

Со влезот на новиот тур оператор,  дополнително ќе се зголеми бројот на странски туристи, сместувачките капацитети ќе бидат полни. Со приливот на средствата од туристите ќе се подобри локалната економија  и целокупниот туризам, гранка  која во последниве години доживува експанзија.

Според статистиката во првите шест месеци од годинава над 200 илијади странски туристи ја посетиле земјава или 11, 6 отсто повеќе во однос на истиот период лани, а бројот пак на туристите од Белгија  е зголемен за 42 отсто.

Томас Кук важи за најголем и најстар туроператор во Европа. Компанијата постои на пазарот од 1841 година. Опслужува 22 милиони клиенти, а вкупната продажба на нивните аранжмани  надминува 9 милијарди фунти.