Македонија
28. July 2015 - 16:32

Дијаспората реагира: Не треба да ни се одземе правото на глас

Обединетата македонска дијаспора бара да не се укинува правото на глас на иселениците во трите изборни единици во дијаспората.

За најголемата организација на иселениците несватливо да се размислува во насока на одземање или дополнително отежнување на правото на глас на дијаспората бидејќи тоа ќе значи длабоко непочитување кон оние кои имаат континуиран и огромен придонес за економскиот развој на Македонија, како и за добивање меѓународна поддршка околу пристапот на Република Македонија во евроатлантските институции како НАТО и ЕУ.

-Дијаспората е клучен партнер на Република Македонија и е интегрален елемент за унапредување на Репулбика Македонија во сите полиња, особено надворешната политика и економијата. Дијаспората директно придонесува 18-20 проценти од домашниот бруто производ на Република Македонија. Затоа дијаспората мора да продолжи да го ужива своето универзалното право на глас и да биде претставена преку свои пратеници во Собранието на Република Македонија“, стои во реакцијата на  Обединетата македнска дијаспора, на најавите дека предмет на преговори меѓу работните групи е и начинот на гласање на иселениците.

Наспроти ова, ОМД се залага за олеснување на начинот на гласање со воведување електронско гласање, со што би се зголемил бројот на гласачи и би се намалиле трошоците за гласање на дијаспората.