Македонија
28. November 2015 - 13:16

Директорот на театар се забил во бетонски ѕид - Починал на лице место

Робeрт П. (40) од Куманово, директор на Центарот за култура во Куманово, загина утринава во страотна сообраќајна несреќа што се случи на булеварот Трета МУБ во Куманово.
 
Според МВР, со него во возилото биле уште четири жени, при што И.М.(26) и И.Б.(29) се здобиле со сериозни повреди и итно се пренесени во Ургентниот центар во Скопје, додека Ц.В.(40) и М.М.(34) се задржани на лекување во Кумановската болница.
 
Сообраќајката се случила ноќеска  1 часот по полноќ, кога возило цубару импреза, со кумановски регистарски таблички, кое го управувал Роби, од непознати прилини излетало од патот и удрило во бетонски ѕид, пред поранешниот Дом на АРМ.
 
Возачот се здобил со фатални повреди и починал на лице место. Увид на лице место извршиле екипи на ОЈО и СВР Куманово, по што ќе се утврдат причините на несреќата.