Живот
28. July 2015 - 21:35

Драма пред Трговски: Го оставиле детето да се пече во кола на +45

Иако родителите постојано се предупредуваат да не ги оставаат сами во автомобил своите деца кога има големи горештини, дури ни на 5 минути, еве уште еден пример за тоа како можеше да настада заборавено дете.

За среќа прд неколку дена во Канзас, САД е избегната уште една ваква трагедија.

Имено, Сара Оропеза разговарала со еден муштерија кога во нејзината продавница влегла колешката и барала помош зошто видела девојче заклучено во автомобил.

Сара веднаш истрчала и го видела детето како седи во џемпер на 43 степени во заклучено возило. Таа зела штрафцигер и се обидела да ја отвори вратата. Но не можела, па зела челична палка и почнала да го крши прозорецот. 

Го извадила девојчето и тоа со итна помош е пренесено во болница. 

Било дехидрирано и мокро од потта.

Тогаш од блиската продавница излегле нејзината тетка и тетин и биле револтирани што им е искршен автомобилот. Барале жената да им плати за штета врз автомобилот и воопшто не им било грижа за спасеното девојче кое им било доверено на чување.