Свет
6. October 2015 - 10:45

Еден загинат во пожар во планински хотел во Словачка

Еден човек загина, а седум се повредени при пожар во хотелот ,,Јуниор" во скијачкиот центар Јасна, на планинскиот венец Ниски Татри во централна Словачка, соопштија локалните медиуми.

Како што јави дописникот на МИА, според информациите, на местото се наоѓаат неколку пожарни и евакуирани се над 130 луѓе.
 
Причините за пожарот се испитуваат.