Македонија
28. November 2015 - 17:09

Експертите и граѓаните сметаат дека Македонија требаше многу порано да крене ограда на јужната граница

Одлуката за поставувањето на ограда на јужната граница со Грција, на места кои се означени како критични точки кои се користат како илегални патишта од страна на мигрантите и бегалците е исправна, сметаат експертите. Според нив, со ова би се зголемила контролата над лицата кои поминуваат низ нашата земја.

Универзитетскиот професор Златко Кесковски смета дека на овој начин ќе се зголеми безбедноста на македонските граѓани, а бегалците од кризните региони ќе имаат похуман третман.

Со одлука на комитетот за менаџирање на сосотојбите со бегалците се согласуваат и македонските граѓани.

Експертите тврдат дека овој потег требало да биде преземен во моментот кога тоа го направи Унгарија, а потоа и Словенија, земји членки на ЕУ.

Според надлежните, бегалците од Сирија, Ирак и Авганистан и понатаму непречено ќе се пропуштаат да транзитираат низ Македонија, на патот до западноеврпоските земји.