Македонија
29. November 2015 - 11:46

Есенската сеидба во Крива паланка и Ранковце реализирана 80 отсто

Планот за годинашната есенска сеидба на житни култури во општините Крива Паланка и Ранковце е реализиран 80 отсто. Од предвидените 1.870 хектари, засеани се 1.510. Највеќе, 800 хектари, се со јачмен, 590 хектари отпаѓаат на пченица, додека по 60 хектари се со ’рж и останати житни култури.
 
Според Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и воодстопанство, планирано е најголем процент, 1.610 хектари, да бидат засеани од индивидуалните земјоделци. Досега се засеани 1.320 хектари. 
 
Земјоделските претпријатија од планираните 260 хектари досега засеале 190 хектари.