Бизнис
27. November 2015 - 19:46

Евростат: Македонија 4та најмалку задолжена земја во Европа

Maкедонија е четврта најмалку задолжена земја во Европа. Според последните податоци на европската статистичка служба, Еуростат, земјава во третиот квартал од 2015 година имала државен долг од 36% од БДП.  Помалку задолжени од Македонија се само Естонија, Луксембург и Бугарија. Овие бројки се најдобар показател за успешноста на економските политики кои ги води земјава, вели министерот за финансии Зоран Ставреки.

„Податоците на Еуростат се најмеродавни за оценка на задолженоста на земјата и според нив Македонија е четврта најмалку задолжена земја воЕвропа. Тоа е факт кој покажува дека Владата со сегашните економски политики се однесува многу одговорно кон идните генерации. Значајно е Република Макеоднија како мала економија да не биде висок задолжена земја  односно да остане во зоната на ниско до умерено задолжена“, вели Ставрески

Според Еуростат, на крајот на 2014 државниот долг на Македонија изнесувал 38,2% што значи дека е намален за 2,2 процентни поени. 

Нискиот долг земјава успеа да го одржи во услови на глобална економска и должнчка криза. Не само што долгот остана низок, туку продолжија и инветсициските зафати во земјата, вели Ставрески.

„Успехот е поголем затоа што во исто време се реализираа и голем број капитални инфраструктурни прокети како што е изгрдбата на автопатите, болници, училишта, водоводи, канализации и се друго што се прави со средства од буџетот. Ваквите бројки наидуваат на одобрување на значајните меѓународни институции и Владата ќе продлжи со ваквите политики и во наредниот период“, вели Ставрески. 

Еуростат ги анализира податоците од над 30 земји од Европа. Според нив, најголем долг имаат Португалија (128,70%), Италија (136%) и Грција (167,80%).