Балкан
3. September 2015 - 18:27

Грчки министер: Четири милиони бегалци се подготвени од Турција да заминат кон Европа

Околу четири милиони мигранти и бегалци се подготвени да тргнат од Турција кон Европа во најскоро време, изјави на прес конференција грчкиот заменик министер за морска флота Христос Зоис.

– Четири милиони бегалци се наоѓаат во моментот во Турција и се подготвени да ја напуштат таа држава и да се упатат кон Европа, изјави Зоис.

Според него, Грција нема доволно сили за да се спротистави на таков бран бегалци.

- Од 240 бродови кои ги има на располагање крајбрежната стража, 36 отсто не се во функција поради технички проблеми. Од седум авиони само четири може да полетаат, а од 6 хеликоптери функционира само еден, прецизира Зоис.

Претходно тој се сретна со шефот на Фронтекс, Фабрис  Леџери при што била постигнат договор за заеднички напори со Агенцијата за контрола и управување со мигранти.