Свет
4. July 2015 - 9:42

ИД со закана за напад во Британија на 7 јули на годишнината од нападите во лондонскиот транспорт

Групата Исламска држава упатила закани за напади во Велика Британија на 7 јули, пишува италијанскиот весник „Република“.

На 7 јули се навршуваат десет години од бранот напади во лондонскиот транспортен систем. На тој датум во 2005 година, четворица британски државјани од пакистанско потекло се разнесоа во метрото и во автобус на градскиот транспорт во Лондон. Убиени беа 52 лица, а повредени 700. 

Одговорноста за тогашниот напад ја презеде Ал каеда.

Сега за упатените закани соопштува американскиот институт СИТЕ, кој следи на Интернет соопштенија од терористички групи и ја набљудува дејноста на џихадистите на Интернет во врска со денешниот национален празник на САД, Денот на независноста.