Балкан
28. July 2015 - 12:39

Инспекторот прозборе за трагедија на Тијана - Сите плачеа

Дури и инспекторите кои трагаа по малата Тијана Џуриќ од Србија која беше брутално мачена, силувана, убиена и закопана, плачеа за време на истрагата. Девојчето кое преживеа хорор и замина во смрт на 15 години, не остави рамнодушен никого во регионот. 
 
Инспекторите кои 13 дена тргаа по Тијана за прв пат прозбореа во јавноста за незапаметената трагедија: - Сите тие денови деноноќно трагавме и верувавме дека ќе ја најдеме некаде заклучена и киднапирана. Желбата девојчето да биде живо не не напушти до крај, но за жал дојдовме до болната вистина. И да ја пронајдевме неколку часа по грабнувањето, немаше да можеме да помогнеме. Била веднаш убиена и закопана. Беше страшно, сите сме родители, тешко беше ова да се поднесе...Овие случаеви оставаат длабоки траги кои потоа цел живот ги носиме со нас. И јас сум татко на дете кое е на иста возраст, вели инспекторот Александар за српскиот Курир.
 
 
 
Тој додава дека на своето дете му забранил да излегува, а верува дека тоа го направиле најголемиот број родители. 
 
- Колку и да се трудевме да бидеме прфесионални и да не внесуваме емоции, сепак не успеавме. Мајката на Тијана која се издржа стоечки, ме праша дали има надеж. Не знаев што да и кажам...додава инспекторот со солзи во очите.
 
За потсетување, селаните помогнаа во истрагата. Тие со трактори одеа по нивите да ја бараат исчезнатата малолетничка. Цела Србија и цел регион се кренаа на нозе.