Балкан
29. November 2015 - 10:42

"Ја баравме во сите болници, а мојата ќерка ја однеле во капела"

Валентина Стаменковиќ (16) од Драјинци загинала вчера во директен судир межу „југо“ и „поло“ на патот Књажевец - Сврљиг.
 
Валентина, ученик во Економското училиште во Сврљиг била сопатник во „југото“, во кое повредени биле и нејзината тетка, а сериозно повреден е и возачот. Возачот и совозачот во „полото“ поминале со полесни повреди.
 
Извори блиски до истрагата откриваат дека до оваа трагична сообраќајна несреќа дошло, бидејќи "југото" поради брзо возење се излизгало и удрило директно во "полото".
 
Милица, мајката на Валентина се уште не може да поверува дека нејзината ќерка загинала.
 
- Ни беше кажано дека Валентина е повредена во сообраќајна несреќа и дека со Брза помош е пренесена во Ниш. Дури во Ниш дознавме дека нашата ќерка е почината. Баравме низ сите болници, а моето дете го однеле во капела, низ солзи изјавила мајката милица.
 
Обдукцијата на телото ќе биде направена во понеделник.