Македонија
6. October 2015 - 16:35

Mијалков: Ниту сум ја подигнал, ниту сум ја користел дипломатската патна исправа

Ниту сум ја подигнал ниту сум ја употребил патната исправа, тврди во писмена изјава екс директорот на УБК Сашо Мијалков по информациите објавени во јавноста дека МНР му издало дипломатски пасош.Според информацииуте во изјавата Дипломатската патна испарава Мијалков ја добил согласно закон и дискреционо право на министерот.

Во недостиг на идеи и поддршка од граѓаните сосема е очекувано СДСМ преку нивните медиуми фокусот да го стави на црна кампања и напади на лична основа со обиди за дискредитација. За да им се одземе и ова последно оружје и да излезе на виделина нивната безидејност, одлучив воопшто да не ја подигнувам дипломатската патна исправа и да се откажам од неа, пишува во изјавата Мијалков.

Екс директорот на УБК во изјавата ги негира и пишувањата дека издавањето на дипломатска патна исправа е подготовка за негово бегство од земјата.

Останувам и продолжувам да се борам за интересите на Македонија и Македонскиот народ. Не сум потклекнал и пред многу посериозни притисоци и закани па нема ни сега. Убеден сум дека граѓаните и во април јасно ќе им порачаат на СДСМ што мислат за нивната деструктивност, исто како што им порачуваат изминативе 10 години, пишува Сашо Мијалков.