18.04.2014 - 02:12 |
Последна промена пред 5 часа 7 мин

Languages

Законот за служба во АРМ ќе се прошири за сите професионални војници кои се невработени

Се проширува рамката на законот за служба во Армијата на Република Македонија. Новиот закон ќе ги опфати и поранешните професионални војници кои заклучно 31 декември минатата година се водат како невработени во Агенцијата за вработување.

Извршниот комитет на владејачката ВМРО ДПМНЕ донел одлука, пратеничката група на партијата во Собранието да се заложи за проширување на бројот на професионалните војници опфатени со законот.

-Сега го решаваме егзистенцијалниот статус на војниците по 45 години со ретроактивно дејство, истакна Димитриев.

Вториот човек во министерството за одбрана на прес конференцијата истакна и дека по доаѓањето на власт на ВМРО ДПМНЕ, армијата за првпат се облече во македонска униформа, се покачија платите на вработените, големи средства се вложија во полигоните и касарните за обука, а повторно се отвори и Воената академија.

Антонио Крстевски

Македонија