Ракомет
28. July 2015 - 19:13

Младите македонски ракометарки порзени од Србија на ЕП

Младата женската репрезентација на Македонија е поразена од Србија, во првиот меч од разигрувањето на ЕП за ракометарки до 19 години што се одржува во Валенсија. 
 
Во меч од првото коло на групата „И-1’’ односно разигрувањето за пласман од 9 до 16 место, младите македонски ракометарки загубија од Србија со 28:21 (полувреме 12-10 за Македонија).
 
По одличното прво полувреме кое „џрвено-жолтите„ го добија со 12:10, во воведните 10-минути од вториот дел, нашите ракометарки одиграа далеку послабо, па на примените 9 одговорија со само 2 постигнати гола, за негатива од -5 (14:19) во 41-минута.
 Создадената предност Србинките ја одржуваа и зголемуваа за на крајот да забележат победа со 7 голови разлика 28-21.
 
Во вториот меч денеска играат Литванија со 33:31 ја победи Хрватска селекција против која македонските ракометарки ќе играат утре одново во терминот од 17 часот.
 
Табела: Србија 4 бодови, Македонија 2, Литванија 2 и Хрватска 0.