Македонија
28. July 2015 - 19:21

Надлежните служби интензивно работат на санирање на свлечиштето кај битолското село Драгарино

Стручни екипи од Градежниот факултет-Скопје и механизација на РЕК Битола и ЈП „Стрежево“ од синоќа интензивно работат на санација на новопојавено свлечиште што се наоѓа во непосредна близина на битолското село Драгарино, кое целосно сруши дел од главниот цевковод кој со вода ги снабдува Битола,  земјоделците, индустрискиот дел на градот и РЕК Битола како најголем корисник.

Според експертите од Градежен факултет-Скопје, целосната реконструкција на свлечиштата треба да заврши во период од шест месеци, а во моментов се врши интервентно оспособување на каналот кое времено ќе го реши проблемот со водоснабдувањето во Пелагонија.

Од ЈП Стрежево и ЈП Водовод Битола апелираат до граѓаните водата за пиење да се користи рационално и очекуваат во вечерните часови водоснабдувањето во градот да се нормализира.