Бизнис
4. September 2015 - 17:04

Најсигурна инвестиција – Купување на недвижности

Граѓаните кои во минатото користеле државно земјиште и плаќале надомест за тоа сега бесплатно ќе можат да го приватизираат. Истата можност им се дава и на сопствениците на куќи и станови кои  ќе можат да го приватизираат земјиштето под објектот, со што трето лице кое се јавува како корисник иако нема објект на местото повеќе нема да фигурира.

Поранешните сопственици ќе треба да платат само за имотниот лист и другите трошоци кои нема да ги чинат повеќе од 1000 денари.

Краен рок за поднесување на пријавите е 15 јуни наредната година. Оние кои ќе го пропуштат рокот веќе нема да имаат право на сопственост, а земјиштето ќе го превземе државата на која ќе треба да и плаќаат кирија.

Од 15ти октомври Агенцијата за катастар и Управата за имотно-правни работи ќе организираат отворени денови со граѓаните кои ќе траат до 15 февруари наредната година.