Македонија
15. April 2018 - 16:25

Првите дами од дипломатскиот кор на велигденски ручек на Матка

Македонија изобилува со огромно културно и духовно богатство кое има посебно значење за државата.. Токму затоа, годинава одлучив велигднеските празнувања со сопругите на амбасадорите во земјава да ги одбележам со посета на дел од црквите покрај Скопје, изјави Маја Иванова.. Таа денеска со првите дами на амбасадорите на Чешка, Германија, Унгарија, Шведска и Русија ги посетија манастирот Св. Андреја и Успение на Пресвета Богоридица на Матка.. Според Иванова, 2018-та е посебно значајна за Републикиа Македонија бидејќи се одбележуваат два неповторливи јубилеи – 1.000 години од формирањето на Охридската Архиепископија и 60 години од нејзиното возобновување..

„Од ова свето место да упатам и повик до сите православни христијани со посетата на црквите и манастирите да се в клучат во одбележувањето на овој голем јубилеј затоа што е многу значаен за МПЦ и за православната вера воопшто во Р. Македонија. Црквата е таа што низ вековите не одржала и црквата е таа што ја зачувала нашата писменост, нашата посебност и нашиот идентитет“, вели Маја Иванова, сопруга на претседателот на државата.

Запознавање со женското монашко сестринство во манастирот Успение на Пресвета Богородица, историските факти за неговата изградба и живописувањето на Св. Андреја сместена меѓу стрмните и високи карпи на Матка – со овие информации се запознаваа гостите на Иванова.. Велат дека на овој начин добиле шанса да се уверат во исклучително богатотот духовно наследство на Македонија..

Иванова и сопругите на дел од амбасадорите во земјава го честитаа големиот христијански празник Велигден на сите православни граѓани со порака за мир, благосостојба и радост во нивните домови..

Новинар: Зоран Јаневски