Живот
18. April 2018 - 22:08

Убавата навивачка има 27 години, христијанка е и се уште е невина: Поради тоа поминува низ пекол

Поранешна навивачка раскажал дека тренерите се подбивале со неа кога дознале дека е девица и дека не сака да спие со никој пред венчавката.

Поранешната навивачка на „Мајами Делфинс“, клуб во американски фудбал, поднела кривична пријава против клуб и НФЛ, затоа што тврди дека трпела злоставување поради својата вера и поради тоа што е девица.

27 годишната Кристин Ен Вер, која три сезони била навивачка на клубот, тврди дека е исмевана поради своите длабоки христијански верувања, пренесува Сан.

Кристи кажала дека директорката Дори Гроган и се исмевала откако објавила фотографија на која е крстена вон сезоната и тогаш и рекла за тоа на никого да не збори. Гроган тогаш наводно и рекла уште дека нив им се потребни убави девојки да носат униформа.

Поранешната навивачка објаснила дека и тренерите се подбивале со неа кога дознале дека е девица и дека не сака да спие со никој пред да се венча.

Таа истакнала дека се почнало во автобус во Лондон, каде тимот играл натпревар против „Њујорк Џетс“ на Вембли во 2015 година. Тогаш навивачките зборувале за музиката со која најубаво водат љубов, па ја терале Кристин да ги открие своите сексуални искуства. Тогаш им рекла дека „за секс ќе чека додека не се омажи, поради посебниот однос со Бог“.

Портпаролот на НФЛ кажал дека сите кои работат во НФЛ, вклучувајќи ги и навивачките имаат право да работат во позитивно опкружување во кое се сите почитувани, во кое не постојат вознемирување и дискриминација.

Во својата тужба Кристин Ен Вер наведува дека од службениот Инстаграм и блог на нејзиниот тим се тргнати делови од нејзини написи каде ја спомнува христијанската вера, Бог и Христос.

И „Мајами Делфинс“ во изјава за Би-Би-Си истакна дека се сериозно посветени на ширење во позитивна работна атмосфера, како и дека не постојат полови, расни и верски дискриминации.