Македонија
16. October 2018 - 11:32

Работник во Гостивар паднал од 4 метри височина, со тешки повреди префрлен во Скопје

Вчера околу 11,00 часот било пријавено дека во село Беловиште, гостиварско, Н.А.(25) од Гостивар, при работа на куќа сопственост на Џ.Д., се лизнал од скалата на која стоел и паднал на бетонската подлога во висина од четири метри.

Тој бил пренесен во Медицински центар Гостивар каде му биле констатирани тешки телесни повреди, по што бил префрлен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.