Македонија
29. October 2018 - 12:35

Зголемен водостојот на Вардар кај Јегуновце

Водостојот на Вардар кај Јегуновце утринава е повеќе од двојно повисок од просекот за октомври, а на мерното место кај Демир Капија е понизок од вообичаениот, покажуваат последните мерење на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Водостој во рамки на просечниот имаат речиси сите останати реки во земјава со изклучок на Црн Дрим кај Ложани каде нивото е пет пати пониско од повеќегодишниот просек за овој месец.

Водостоите, пак, на природните езера во земјава се во рамките на просекот за окотомври.