Македонија
28. November 2018 - 9:32

Отворање на ПЗУ Еуроиталиjа општа болница

Специјалистичката поликлиника Еуроиталија прерасна во општа болница, чие отворање ќе се одржи попладне во близина на скопската општина Петровец.

Од болницата информираат дека располагаат со најсовремена медицинска опрема и медицински кадар, кој 24 часа е во функција на пациентот.

– Наша секојдневна обврска е најпрофесионална, најефикасна и најсовесна грижа за пациентите.
Нашето мото е „За вашето здравје, ние се грижиме на европски начин“, наведуваат од болницата.