Македонија
28. November 2018 - 9:50

Магла на Стража и Плетвар

Намалена видливост до 80 метри поради магла има на планинскиот превој Стража, а до 50 метри на планинскиот превој Плетвар, соопшти утрово јавното претпријатие „Македонијапат“.

На останатите патишта низ државата сообраќајот се одвива тековно по влажни коловози, а на одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

Од ЈП „Македонијапат“ апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.