Loading Video...
Спорт плус
8. January 2019 - 15:18

Одбојкарите се подготвуваат за Унгарија, а со мислите се во Стокхолм и Јелгава

Македонската одбојкарска репрезентација утре ќе го одигра последниот натпревар во квалификациите за Европското првенство.
 
Откако беа убедливо поразени од Украина (1-3), македонските одбојкари си ја отежнаа работата за историски пласман на европскиот шампионат.
 
Така, победа против Унгарија е императив за нашите одбојкари, кои ќе мора да го чекаат на исходите од уште два натпревари. „Црвено-жолтите“ се подготвуваат за Унгарија која ќе мора да ја совладаат со максимални 3-0, но претходно ќе навиваат за Летонија да го победи Израел, односно Шведска да слави над Азербејџан. 
 
Само во тој случај ќе се формира круг од пет најдобро второпласирани репрезентации кои одат на ЕП, а Македонија ќе биде меѓу нив.
 
Натпреварот меѓу Македонија и Унгарија ќе се игра утревечер од 20 часот и 15 минути во СРЦ „Кале“