Loading Video...
Ракомет
28. February 2019 - 17:12

Вардар ќе атакува на нова победа над европскиот првак Монпелје

Нема време за одмор за ракометарите на Вардар кои по вчерашното дерби против Загреб во СЕХА лигата веќе во сабота го пречекуваат актуелниот европски шампион Монпелје. 
 
Вардарци кои синоќа во Јане Сандански го добија дербито против Загреб во регионалната лига, во сабота ќе бидат домаќини на европскиот првак Меонпелје во меч од последното коло од групната фаза во Лигата на шампиони. 
 
Црвено-црните се сигурно трети, математички може да завршати како второпласирани во А групата, а со тоа и да си ја олеснат работата во осминафиналната рунда. 
 
Иако со судрува со проблеми околу повредените играчи, тренерот на вардарци  Роберто Гарсија Парондо посакува триумф над Монпелје.
 
„Не чека последниот меч од групата, тоа е најважниот меч за нас и мислиме само на него. Сакаме да победиме, за да се спремиме добро за елиминациските средби, каде немаш право на грешка и на порази. Имаме проблеми со неколку ракометари кои се повредени, не знам кој ќе игра кој не, ќе одлучиме на денот на мечот. Ние сме фокусирани, ќе дадеме се од себе, а што ќе биде, ќе видиме“, изјави Парондо.
 
Потсетување дека во првиот меч сезонава одигран во Франција, македонскиот првак го победи европскиот шампион со 27-24. 
 
Натпреварот меѓу Вардар и Монпелје ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“, во сабота со почеток од 17:30 часот.