Македонија
7. March 2019 - 10:59

Кај двајца мажи од Гевгелија пронајдени екстази и кокаин

На 06.03.2019 во 19:30 часот во Полициска станица Гевгелија од слобода биле лишени и здржани В.М.(34) и Ј.Р.(39), двајцата од Гевгелија.

При преглед на В.М. полициски службеници пронашле и одзеле таблети екстази и кокаин.

Додека, кај Ј.Р., при прегледот бил пронајден и одземен кокаин.

По целосно документирање на случајот против нив ќе бидт поднесени соодветни пријави.