Македонија
19. April 2019 - 16:18

Од понеделник вакцини во училиште

МРП вакцина во земјава немаат примено 22.612 деца до 14 години. Податоците од ИЈЗ покажуваат дека повеќето невакцинирани близу 19.000 се во внатрешноста, а околу 4400 се од Скопје. Според министерот за здравство иако годинава од морбили биле заштитени над 20.000 деца, сепак процентот сеуште не е доволен за стекнување колективен имунитет и сузбивање на епидемијата.

Филипче останува на ставот дека без примени вакцини нема да има упис во училиште, но потенцираше дека мултисекторската група уште еднаш ќе се состане за да видат дали има потреба од законски измени.

Од комитетот за имунизација велат дека годинава биле пријавени само 2 несакани и очекувани реакции од МРП вакцината.

Инаку досега со мали сипаници заразени се 1081 лице, што е најмногу во полседните 20 години. Речиси половината од заболените поради компликации биле хоспитализирани.

Најавената теренска вакцинација во училиштата како мерка за спречување на епидемијата ќе почне од понеделник, а децата нема да бидат боцкани без дозвола или присуство на родител.