Бизнис
19. April 2019 - 16:24

Основните месечни трошоци надминаа 500 евра, две минимални плати не го „крпат“ месецот

На едно семејство со двајца родители кои се со минимални примања и две деца им недостасуваат  околу 100 евра за да ги задоволота основните потреби во месецот. Според последните  податоци на синдикатите потрошувачката кошница достигна над 500 евра што значи дека овие семејства со парите кои  ги заработуваат можат да покријат 74 отсто од месечните основни трошоци

Според експертите голем проблем е и тоа што близу 20 отсто од вработените во земјаава дел од примањата  ги добиваат на сметка дел на рака.  Анализата на  Фајнанс Тинк покажува дека  над  90 отсто  од работниците  кои се прјавени на минимална плата износот што го добиваат во плик е идентичен со сумата на минималецот.  Плата на рака најчесто добиваат занаетчиите од најразлични дејности, во градежништвото и во услужните дејности.

Според последните податоци на статистиката нето платата во февруари  изнесува 24. 192 денари и  е за околу  300 денари помала во однос на претходниот месец.