Македонија
29. April 2019 - 11:03

Тешка несреќа кај Чаирчанка - Ауди се заби во Пежо

Синоќа во околу 1:20 часот во близината на ТЦ Чаирчанка се случила сообраќајна незгода во која биле повредени три лица, дознава ТВ21.

Според очевидците, несреќата се случила кога џипот марка „Ауди“ се движел со голема брзина и удрил во „Пежо“ кое се движело во една од лентите.

Полицијата веднаш излезе на местото на настанот и изврши увид, а три лица се здобија со повреди.