Свет
29. April 2019 - 11:08

Француски министер: Спречен голем терористички напад

Француските власти спречија терористички напад и приведоа четири лица.

- Имавме доволно докази за да веруваме дека е планиран голем напад, изјави министерот за внатрешни работи, Кристоф Кастнер.

Неименуван полициски извор изјави дека четирите лица се уапсени поради сомневање за набавка на оружје „за да извршат терористички чин”.