Македонија
4. October 2019 - 22:19

Помпео на Твитер: Нашите односи уште повеќе ќе се засилат

Нашите односи уште повеќе ќе се засилат преку заедничките заложби за мир, безбедност и просперитет, напиша на Твитер државниот секретар на САД по денешната официјална посета на Македонија и средбите во Охрид со претседателот Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев.

„Дискутиравме за поддршката на САД за пристапувањето на Северна Македонија кон НАТО и ЕУ, имплементацијата на Преспанскиот договор и економскиот развој со претседателот Пендаровски покрај прекрасното Охридско Езеро. Нашите односи уште повеќе ќе се засилат преку заедничките заложби за мир, безбедност и просперитет“, пишува Помпео, кој доцна попладнето од Охрид замина за Атина во официјална посета на Грција.