Македонија
19. December 2019 - 8:51

Спасовски на заедничка вежба на МВР на Македонија и Косово

„Спречување бегство и лишување од слобода лица сторители на тешки облици на кривични дела” е насловена заедничката оперативно-тактичка вежба на министерствата за внатрешни работи на Република Македонија и на Република Косово, што денеска ќе се одржи во близина на границата меѓу Косово и Македонија.

Како што е најавено, на вежбата ќе присуствува и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.