Свет
10. February 2020 - 14:20

Најсилен дожд во последните 30 години го погоди Сиднеј: Изгасна два големи пожари и донесе поплави

Најсилниот дожд во последните 30 години ги погоди Сиднеј и донесе поплави ширум Нов Јужен Велс, но истовремено угаси и два масивни пожари во таа австралиска држава.

Метеоролошката служба на Австралија соопшти дека во изминатите четири дена во Сиднеј паднаа 391, 6 милиметри дожд, што е три пати повеќе од просекот за февруари.

 

Околу 100.000 домови се без струја, а официјалните лице предупредуваат дека наглите поплави може да бидат опасни по живо.

Благодарение на силниот дожд, на тоа подрачје останаа да горат уште само 17 пожари, пренесува Би Би Си.

Противпожарната служба на Нов Јужен Велс соопшти дека дождовите во текот на викендот изгаснале повеќе од 30 пожари, што е опишано како „најдобра вест во последно време“.