Македонија
4. September 2015 - 16:24

Од 7 септември годинава ќе започне снимањето на францускиот игран филм „А Фонд“ во режија на Никола Бенаму

Македонија станува нова атрактивна дестинација на мапата на светската филмска индустрија. Филмските и локациските потенцијали како и природната поставеност и ресурси на државата се како магнет за европските и светските филмски продукциски куќи. Последна од нив која ќе снима игран филм во Македонија е француската “Шик Филмс”. Како локации за снимање ги одбрале скопската обиколница и автопатската делница Велес-Градско, а од игра отпаднале локации во Шпанија, Италија и Грција.

Само во Македонија успејавме да ги надеме сите технички можност за снимање на филмот.

Според продуцентот филмот “А Фонд” претставува комедија која го отсликува патешетвието на едно француско семејство кое тргнува на пат.

Електрониката на автомобилот откажува и семејството неоже да го запре возилото.

Според министерката за култура снимањето на филмот претставува афирмација на Македонија во светски рамки но исто така и можност за економски бенефит. Септември за Македонија ќе биде значаен и поради фактот што ќе почне да се снима уште еден филм во американска продукција.

Македонија ќе има економски бенефит од 2 милиони евра, а воедно ќе бидат ангажирани и 400 македонци за учество во снимањата.

Бидејќи во текот на снимањето на филмот во временски интервали од 12 часа ќе биде затворена за сообраќај и делницата Велес-Градско, институциите изработија проект за посебен сообраќаен режим за движење по регионалниот пат, за чие реконструирање средства ќе вложи француската продукција.

Ќе се пренасочи сообраќајот, а трошоците ќе ги покри продукциската куќа од Франција.

Министерката Канческа Милевски откри уште еден детал во промоцијата на Македонија во светската филмска индустрија, а тоа е доаѓањето на еминентни претставници на најголемите филмски и телевизиски продукции во светот, Дизни и Ворнер Брос, кон средината на септември.