Македонија
28. November 2015 - 20:10

Од јануари ново зголемување на минималната плата

Од јануари ново зголемување на минималната плата.  Од 9.590 денари, минималецот ќе порасне на 10.080 денари. Текстилците до оваа сума ќе стигнат во 2018 година.

Од синдикатот велат дека во континуитет се работи на подобрување на стандардот на граѓаните. Предвидени се и високи глоби за работодавачите кои нема да ја почитуваат законската обврска.

Годинава кај дел од газдите беа утврдени неправилности при исплата на минималната плата, поради што дојде до зајакнување на контролите и казнената политика. Казните за газдите  кои на вработените ќе им исплатат минимална плата пониска од законски утврдената се движат до 9.000 евра. Ако пак во текот на годината го повторат делото глобата се зголемува , а работодавачот ќе се соочи и со забрана за работа.

Законот за минимална плата почна да се спроведува во јануари 2012 година, а висината на минималецот  тогаш се утврди на 8.050 денари месечно за полно работно време. Во 2014 достигна до 8.800 денари, годинава се исплаќаат по 9.590 денари. Новите измени за висината на минималецот и за казните за наредната година важат за сите субјекти во стопанството