Кошарка
28. July 2015 - 15:29

Подготовките за ЕП во Охрид течат според планот

Преставниците од организациониот одбор на Европското првенство во Охрид и Струга за кошаркарки до 16 години, Абдураим Бајрактар и Моника Гаврилоска на денешната прес-конференција информираа за текот на работите околу организацијата на шампионатот.
 
Според, Бајрактар организацијата на ЕП тече според планот и предвиденото темпо.
 
- Организацијата на ЕП тече според предвиденото темпо, договорени се сите објекти и сали во кои ќе престојуваат спортистите и ќе се играат натпреварите. Сакам да искажам огромна благодарност до градоначалниците на Охрид и Струга, Бакрачевски и Села што се вклучија во организацијата на шампионатот. Се надевам дека нивниот пример ќе го следат и стопанствениците од регионот, за што подобра организација на ЕП и секако презентација на нашите туристички бисери во Европа, истакна членот на организациониот одбор на ЕП, Абдураим Бајрактар.
 
Задоволство од досега сработеното околу организацијата на ЕП искажа и Моника Гаврилоска, која воедно истакна дека македонските кадетки се подговуваат на високо ниво за што подобара резулат.
 
- Условите за работа на нашите млади кошаркарки се на исклучително високо ниво.Федерацијата им овозможи неколку пријателски натпревари со селекциите на Бугарија и Црна Гора што досега не било случај. Пријателските натпревари се надевам дека ќе бидат корисни за кошаркарките да постигнат добар резулат. Оваа генерација во иднина треба да биде темелот на сениорската репрезентација, изјави Гаврилоска.
 
Селекторот на кадетките Владимир Ѓоровиќ е задоволен од досегашниот ангажман на кошаркарките на подготовките и изрази голема благодарност до МКФ за обезбедените услови за подготовки.
 
- Веќе три недели се подготвуваме за што подобар настап на ЕП во Охрид и Струга. Сакам да искажам голема благодарност до Федерацијата за организацијата на подготовките и за организацијата на престојните пријателски средби. Во следните неколку дена ќе одиграме по два контролни натпревари со соодветните репрезентации на Бугарија и на Црна Гора. Според мене единствен недостаток на оваа млада селекција  е неискуствот од играње меѓународни средби. Очекувам да атакуваме на медал, јас така размислувам, исто сакам да размислуваат и кошаркарите, вели селекторот Ѓоровиќ.
 
На ЕП во Охрид и Струга на кое ќе настапат 20 селекции од Стариот континент,селекција на Македонија за кошаркарки до 16 години ќе игра во групата Д заедно со репрезентациите на Белорусија, Финска, Израел и Литванија.