Бизнис
3. July 2015 - 19:51

Преку проектот „Македонија вработува“ за 2,5 месеци до работа дошле над 3000 луѓе

Расте интересот кај фирмите да вработат лица за кои нема да плаќаат придонеси од 3 до 5 години. За речиси 2,5 месеци, колку што се спроведува проектот Македонија вработува, до сега вработени се над 3.000 лица. Интерес има за сите категории – најмногу, по 1,000 вработени се до 29 години , односно  до 35 години, но и  за повозрасните,  над 58 години, каде вработени се 160 лицa.

Зголемен интензитет на вработувањата очекуваме од септе,мври, но задоволни сме и со сегашната бројка од 3,030 вработени лица пред летниот период, за неполни 2,5 месеци колку што се спроведува прокетот. Тоа значи по над 1,000 вработувања месечно, што е повеќе од најголемиот инвестиотор, изјави Диме Спасов, министер з атруд и социјална политика.

Дел од фирмите сакале да го злоупотребат законот – да го отпуштат работникот, па потоа одново да го вработат истото или друго лице.. Но министерот Спасов вели - државата има механизам и ги  штити веќе вработените.

Прокетот македонија вработува ќе се спороведува една година. и според проценките ќе овозможи вработувања на 20.000 лица.