Македонија
28. November 2015 - 19:46

Растот на индустријата и податоците од меѓународните институции ги демантираат СДСМ

Растот на индустријата, како и податоци од меѓународни инститицуции ги побиваат тврдењата на СДСМ за лоши економски политики.

Вчера, државниот завод за стастистика објави дека производството во октомври пораснало за 13,1% во однос на истиот месец лани благодарение на преработувачката индустрија каде што растот е над 18 проценти.

Стопанствениците се оптимисти дека со овозможување на стабилна политичка состојба , производството кое се врати во позитива од август и од тогаш бележи двоцифрен раст во проценти, ќе продолжи да расте и во следниот период.

Податоци спротивни на изјавите на СДСМ околу задолженоста на земјата доаѓаат од врвни европски институции.

Статистичка агенција Евростат вчера објави дека Македонија е четврта најниско задолжена земја на континентот  со државен долг од 36% од БДП во третиот квартал на годината.

Македонија повеќе години наназад добива потврда и за кредитниот рејтинг, од меѓународните рејтинг агенции Фич и Стандард и Пурс.