-->
-->
Рекорден број бегалци пристигнале на Лезбос
-->
Рекорден број бегалци пристигнаа на грчкиот остров Лезбос вчера објавија печатени медиуми во Грција, додавајќи дека за само два часа до грчкото крајбрежје пристигнале шест илјади луѓе.
– Ситуацијата се нормализира, но проблемите одново се враќаат и има опасност островот да биде преплавен од мигранти, изјави за Етнос, градоначалникот на Лезбос, Спирос Галинос.
Од саботата до вчера на Лезбос има нови 8.500 бегалци. Новиот бран бегалци од Турција кон Грција се должи на подобрувањето на метеоролошките услови.
На островот денеска ќе пристигнат премиерот Алексис Ципрас и австрискиот канцелар Вернер Фајман. Тие ќе ги посетат центрите за прв прием, идентификација и времен престој на бегалците.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење