Бизнис
28. July 2015 - 19:46

Рекордна продажба на станови во Скопје

Голем скок во продажбата на станови. Во првата половина од годината се продале за 30% повеќе станбени единици споредено со втората половина од 2014.

Анализата на пазарот покажува дека поевтиниот станбен квадат во комбинација со падот на каматите на депозитите довел до значително раздвижување на пазарот.

Просечната цена на станбениот квадрат останала стабилна на 979 евра. Просечните трошоци за изградба, пак, се движат од 440 до 650 евра, што покажува стапка на поврат на инвестицијата од 20 до 45%.

Тоа е значително повеќе од вообичаената заработка во градежниот бизнис во другите земји, од 8 до 15% и укажува на недостиг на конкуренција, особено од странски компании во секторот.

Во деловниот простор има раст на издадените површини од дури 90% заради голем интерес од ИТ и аутсорсинг компании.

Растот би бил и поголем доколку не беше политичката криза која го одложила влезот на дел од странските инвеститори.