Македонија
22. November 2015 - 16:26

Резултатите од анкетата на ИРИ се шамар за политиките на СДСМ

Молк на Бихаќка по последната анкета на угледниот интернационален републикански институт која покажа дека владејачката партија на 5 месеци пред изборите ужива двојно поголем рејтинг во однос на СДСМ.

Испитувањето на јавното мислење покажа дека ВМРО-ДПМНЕ има доверба кај 24% од анкетираните наспроти СДСМ во кого веруваат 12%.

Црните сценарија, политиките на хаос и празните обвинувања за недостаток на слобода во државата си го сторија своето па рејтингот на опозицискиот лидер Заев падна од 7 на 5%, додека поддршката за Груевски останува стабилна на 18%

Експертите коментираат дека ваквите резултати се јасна порака од граѓаните дека на власт не се доаѓа без работа, идеи и програма, со празна реторика за недостаток на демократија особено не додека раководството на опозицијата се сонча во своите јахти на плажите во Грција.

Катастрофата за СДСМ на изборите во април ја навестуваат и сите останати анкети на релевантните агенции. Брима Галуп по испитувањето направено летово врз 1008 испитаници излезе со анализа дека за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 23,5% од анкетираните наспроти 12,4 за СДСМ

Слични резултати даде и анкетата на ИПИС од октомври годинава според која над 43% од граѓаните сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на априлските избори наспроти СДСМ во кого победник на изборите гледаат нешто под 20% од анкетираните.