Џет-Сет
29. November 2015 - 9:13

Сара Џесика Паркер снима нова серија

Американската актерка Сара Џесика Паркер, која се прослави со улогата на Кери Бредшо во култниот серијал „Сексот и Градот“, по подолго време снима нова серија. 

Како што објавија американските таблоиди, станува збор за комедија во продукција на Ејџ-Би-Оу, која ќе се вика „Развод“.

Во серијата Паркер ќе ја толкува главната улога не жена, која одеднаш решава да го преиспита својот живот и брак и сфаќа дека сака нов почеток и нови можности.

Првите сцени од серијата веќе се снимени во Њујорк, а според фотографиите од снимањето што ги „уловија“ папараците, ликот што го толкува Паркер не е толку „шик“ како што беше Кери. 

Засега не е познато кога ќе почне емитувањето на серијата „Развод“.