Македонија
4. September 2015 - 16:35

СДСМ прво плука па фали

По неколкугодишните жестоки напади против обвинителството за кое велеа дека е во спрега со власта, сега наеднаш почнаа да ја воспеваат оваа институција само поради жалбите против одлуката на судот кој ги прогласи нелегално прислушуваните материјали за невалидни докази.

Според експертите, поради извесниот пораз на изборите во април СДСМ на дневна база ги менува ставовите и се повеќе личи на брод без компас.

Тие додаваат дека пресудата на Судот се базира на закони кои се подготвувани од експерти на СДСМ како Гордан Калајџиев и Гордана Бужаровска. Незакоснки снеминте материјали не може да бидат доказ ни во судските процеси во Америка, Шпанија, Италика, Холандија, Белгоја, Грција и уште многу други земји.

Покрај универзитетскиот професор Александар Климовски, и практичари поранешни судии и обвинители со истиот став. Дека нелегално стекнати материјалине може да бидат искористени како докази на СУД, а тоа го пропишува и Европскиот Суд на Правдата.

Според правните експерти, добро е што СДСМ конечно призна дека обвинителството е независно. Статистиките покажуваат дека во 95% од случаите обвинителството поднесува жалба на пресудите. Тоа што СДСМ се до пред 2 дена не го признаваше обвинителството а сега го воспева, а судот го критикува е само обичен маркетиншки трик.

Најголем дел од практичарите и познавачите на судската пракса кои ги консултиравме велат дека судската одлука е исправна. Сега останува повисокоит суд да се произнесе растоварен од притисикот кој СДСМ постојано го прави.