Бизнис
28. July 2015 - 19:52

Се подобрува безбедноста на Охридското езеро со поставување знаци и бови

Започна поставувањето на пловидбените  знаци на брегот и пловечките направи кој што ќе служат за сигнализација во самата вода со што ќе се воспостави ред во Охридското езеро.

На самиот брег ќе бидат поставени 179 знаци и ќе бидат обновени два светилници во Охрид и Свети Наум со најсовремени светла .

Бродарите сметаат дека со одбележувањето во голема мерка ќе се зголеми безбедноста бидејќи многу често може да дојде до несакани последици по самите капачи.

Од капетанијата велат дека информативните табли и бови се направени според евроските стандарди а во тек е постапката за поставување и на радари.

Инаку во Македонија во моментов се регистрирани 1.530 пловни објекти, од кои 500 на Охридското Езеро.