Македонија
4. July 2015 - 10:28

Супер вести: Ако не заминавте на одмор пакувајте ги куферите

Ако не заминете на одмор, првиот празник кој не очекува е на 17 јули. Тогаш муслиманските верници го слават првиот ден на Рамазан Бајрам, а празникот е прогласен за државен, што значи дека е неработен за сите граѓани. Она што е добро е тоа дека се паѓа во петок, што значи дека ќе имаме еден продолжен викенд. 

 За сите граѓани на РМ

 • 17 јули (петок), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам

• 02 август (недела), Ден на Републиката, односно 3 август (понеделник) е неработен ден

• 08 септември (вторник), Ден на независноста

• 11 октомври (недела), Ден на народното востание, односно 12 октомври (понеделник) е неработен ден

• 23 октомври (петок), Ден на Македонската Револуционерна Борба

• 08 декември (вторник), “Св. Климент Охридски”

 За граѓаните од православна вероисповед

 • 28 август (петок), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)

 За граѓаните од католичка вероисповед

 • 01 ноември (недела), Празникот на сите светци

• 25 декември (петок), првиот ден на Божик

 За граѓаните од муслиманска вероисповед

• 24 септември (четврток), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

 За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

• 22 ноември (недела), Ден на Албанската азбука

 За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

• 23 септември (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

 За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

• 28 септември (понеделник), Меѓународен ден на Бошњаците

 За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

• 21 декември (понеделник), Ден на настава на турски јазик.