Свет
6. October 2015 - 11:28

Убиецот од Орегон оставил порака за полицијата

Американецот Крис Харпер Мерсер (26) кој минататата недела уби девет лица на различна возраст, во локалниот колеџ, во градот Роузбург, во американската сојузна држава Орегон, оставил порака до полицијата, во која се обидува да ја објасни својата постапка.

Мерсер вооружен со три пиштоли и пушка, влегол во една од учичниците во колеџот и почнал да пука по студентите, а потоа се самоубил.

Според американските медиуми, во пораката што ја оставил, тој се жали на осаменоста, затоа што неможе да има девојка, прогласувајќи ги сите околу себе како „луди„ а за себе пишувајќи дека е „нормален и разумен„.

Убиецот живеел со својата мајка, во еден стан, во близина на колеџот.

Во разговор со полицијата, мајката открила дека Мерсер имал ментални проблеми.

Во малото место, тој работел како болничар.На својата интернет страница, еднаш напишал дека  е тешко да се има син со „Аспергеровиот синдром„, една форма на аутизам.

Во 2008 година бил отпуштен од армијата, затоа што не успеал да ги помине основните тестови.

Еден од родителите на преживеаните во ова масовно убиство, изјави за Си-Ен-Ен дека неговиот син останал жив само затоа што Мерсер, претходно, на неколкупати излегол со него на прошетка и провод.

Медиумите јавуваат дека претседателот на САД, во петок, ќе допатува во Роузбург, за да се сретне со роднините и пријателите на жертвите во колеџот.

Обама го искористи масовното убиство во Орегон, одново да потсети дека повеќе не е доволно да се одржуваат молитви за жртвите, туку да се премине во акција, кога станува збор за контролата во вооружувањето.