Свет
6. October 2015 - 17:48

Украинските сепаратисти се согласија да ги одложат локалните избори за 2016

Самопрогласените Доњецка и Луганска народна република во Источна Украина се согласија закажаните избори за 18 октомври и 1 ноември да се одложат за 21 февруари идната година, но настојуваа Киев да ги исполни сите договори од Минск, јави ТАСС.

Агенцијата се повикува на изјави на претставници на ДНР и ЛНР во Контакт групата за уредување на кризата во Донбас, Денис Пушилин и Владислав Дејнего.

Пушилин и Дејнего истакнуваат дека одлуката била донесена, откако биле проучени резултатите од париската средба на врвот на „нормандиската четворка“ (Русија, Германија, Франција и Украина) од 2 октомври.

- Во Минск денеска имавме консултации со претставници на ОБСЕ и на Русија. Добивме укажување од нашите лидери Александр Захарченко и Игот Плотницки, велат тие. 

Двајцата истакнуваат дека во тој период Украина ќе биде задолжена да ги исполни сите ангажмани, кои ги презела согласно со минските договори - да додели на Донбас посебен статус, да не дозволува прогонување и казнување лица, кои учествувале во настаните на Доњецка и Луганска овласт, а исто така и да изгласа измени во уставот.